Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Париља во Кремљ изјави дека односите меѓу двете земји генерално се развиваат во позитивна насока и дека новите американски санкции се неприфатливи.

„Што се однесува до билатералните односи, тие генерално се развиваат во позитивна насока. Уверен сум дека денес ќе биде можност детално да се разговара за сите овие прашања“, рече Путин, објави РИА Новости.

Путин рече дека Русија ги смета новите американски санкции, кои се однесуваат на блокадата на испораките на нафта за Куба, за неприфатливи.

„Сега сме во посебен период, со нови санкции. Знаете како се чувствуваме во врска со ова. Нема да прифатиме ништо такво. Ставот на нашето Министерство за надворешни работи е отворен, јасен и недвосмислен“, нагласи Путин.

Бруно Родригез Париља рече дека Куба е благодарна на руското раководство за нивната солидарност, во услови на заострување на енергетската блокада на островот од страна на САД.

„Би сакал да изразам посебна благодарност за руската солидарност што вие (Путин) и руската влада, како и министерот за надворешни работи, ја изразивте во врска со заострувањето на блокадата на Куба и енергетската опсада што им предизвикува страдање на нашите луѓе и создава многу тешки услови за нашата економија“, рече Родригез за време на средбата со Путин.

Кубанскиот министер за надворешни работи на одделни средби, разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Би можело да ве интересира

Трамп го присвои Ормутскиот Теснец како американска територија, Иранците одговорија со промена на мапата на САД

Предраг Петровиќ

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

САД: Ирански хакери украле 31,5 терабајти податоци од универзитети и компании