Трамп со последен ултиматум до Иран: Војната може да започне во секој момент!

Од:

САД му издадоа последен ултиматум на Иран да ја демонтира својата нуклеарна програма или да се соочи со „други опции“, објави Фокс њуз, повикувајќи се на извори блиски до администрацијата во Вашингтон.

Според американската телевизија, Белата куќа смета дека дипломатскиот простор е речиси исцрпен и дека Техеран мора итно да донесе одлука.

Според извештаите, пораката испратена до Иран е последното предупредување пред евентуално преминување кон многу построги мерки, вклучително и воена опција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку Иран одбие да постигне договор, САД би можело да прибегнат кон воени средства, вклучително и користење на клучни американски и сојузнички бази.

„Доколку Иран одлучи да не постигне договор, можеби ќе биде потребно Соединетите Американски Држави да ја користат својата база на Диего Гарсија“, рече Трамп, според Фокс њуз.

Според неговите зборови, Вашингтон има подготвени опции за брза акција од неколку стратешки точки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он