Во ФЗОМ средба за зголемување на платите во јавното здравство

Од:

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство, објави директорот на ФЗО Сашо Клековски.

– На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство, наведува Клековски на Фејсбук.

Во следниот период ќе се прават финансиски анализи, врз основа на кои ќе продолжи дијалогот.

На средбата станало збор и за потребата од утврдување на репрезентативност на синдикатите во здравство, нов колективен договор за здравство и за справување со тужбите на вработени против јавните здравствени установи и негативните последици.

Би можело да ве интересира

Клековски: Почна да работи ПЕТ-скенот

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август