Земјоделците бараат корекции на програмата за субвенции

Од:

При најголем буџет досега, земјоделците имаат најниски субвенции кои се исти 10 години. Освен тоа, условени се и што не оди во прилог на поттикнувањето на малите производители, реагираа земјоделците и фармерите од Националната земјоделска мрежа на денешниот состанок во Прилеп.

Ѓорѓи Каракамишев, претседател на Националната земјоделска мрежа, изјави дека во последните 10 години субвенциите константно се движат околу 100 милиона евра што, рече тој, ним не им ги покриваат ни елементарните потреби.

-Потрагично е што оваа година субвенциите се условени. Кај растителното производство тоа е минимум 0,7 проценти, кај животинското се условени, на пример, со минимум 30 пчелни семејства, минимум 30 овци, 30 кози, минимум три крави. Во ситуација во која се соочуваме со нелојална конкуренција од надвор и имаме увоз од над една милијарда евра, ни доаѓа стока со дампинг цени и субвенционирана од нивните држави, ние сме неконкурентни. А и откупните цени во државата се околу производната цена или се пониски. Ние мора да го кренеме гласот до надлежните институции. Освен тоа, од сите субвенции, 52 милиона евра се за годинашново производство, а 46 милиони за плаќање на заостанатите субвенции. Ние сме за разговори и сакаме средба. Ако буџетот од 2015 е зголемен за триста проценти, зошто и субвенциите не се зголемени за да имаме конкурентно производство и здрава храна, изјави Каракамишев

Земјоделците бараат разговори и предлагаат годинашнава програма да се укине, да се работи според ланската.

-Од новата програма треба да се прават корекции по сите ставки. За да не се прави тоа, бараме оваа програма да се укине, а да се субвенционираме според програмата од 2025 година. Потоа, во текот на годинава, ќе оформиме работни групи за секоја гранка и заедно со Министерството за земјоделство ќе ги изработиме субвенциите за 2027 година. Од ова предлог-решение сигурно нема да има попаметно и нема да има незадоволни. Така, на пример, за тутунот ќе си остане по 100 денари, за житото како и досега, предложи Миле Кебакоски од здружението „Фармери југозапад“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Трипуновски: Нови услови за субвенции, ќе се зголемат контролите на корисниците

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани