По трамвајската несреќа што се случи на 12 февруари во Сараево, во која загина 23-годишниот Ердоан Моранкиќ, а на 17-годишно девојче ѝ беше ампутирана ногата и е во тешка состојба, се одржа петтиот протест на граѓани кои бараат правда.
Денешните протести беа обележани со скандирања „Оди си Хота“, „Рацете ти се крвави“, „Излези“, а собраните студенти и средношколци постојано бараа оставка од министерката за образование на Сараевскиот кантон, Наида Хота Муминовиќ, а главната причина беа тврдењата дека министерката забранува присуство на ученици на протестите.
Организаторите постојано нагласуваа дека не припаѓаат на ниедна политичка партија, а нови протести се закажани за утре во 12 часот пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина.
