Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица

Од:

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од скопското село Бојане, поради сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“. Истовремено, пријава е поднесена и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово, осомничен за „помагање“ при извршување на делото.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавената Г.Ш., во 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги, додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.

Би можело да ве интересира

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Полицијата уапси двајца мажи за предизвикување пожари на отворено

Уапсени се 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола

Акција на полицијата во Аеродром: Уапсени се петмина турски државјани

Горан Наумовски