(ВИДЕО) Орбан: 21 век ќе биде век на понижување за Европа, Брисел врши притисоци и цензура

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека 21 век ќе биде „век на понижување за Европа“, оценувајќи дека континентот за првпат од индустриската револуција е надвор од клучните светски промени. Тој ова го изјави на својот годишен говор во будимпештанскиот Варкерт Базар.

Орбан се осврна на својот говор од минатата година, кога тврдеше дека унгарската влада, како сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде на „главната улица на историјата“. Според него, револуцијата што Трамп ја предводел против либералните елити се остварува, а Унгарија ѝ се приклучила.

Тој ја критикуваше Европската унија, тврдејќи дека „репресивната машина на Брисел“ сè уште делува во Унгарија. Орбан обвини дека во земјата функционираат „маскирани организации на граѓанското општество, купени новинари и политичари“, финансирани од Брисел, и најави дека по изборите ќе работи на нивно „чистење“.

Во говорот ги истакна и социјалните мерки воведени пред изборите во 2026 година, наведувајќи дека тие се финансираат преку посебни даноци за големите компании. Според него, оние што ја ценат слободата треба да се плашат од Брисел, а не од Истокот.

Орбан се повика и на американски извештај според кој Европската комисија наводно вршела притисок врз социјалните мрежи за цензурирање содржини, вклучително и за време на изборни процеси во Романија и Молдавија. Тој оцени дека американското пријателство е важно бидејќи, според него, САД ја разоткриваат цензурата во ЕУ.

Осврнувајќи се на опозициската партија Тиса и нејзините кадровски решенија, Орбан ги критикуваше врските на нејзини претставници со меѓународни компании и банки. Тој тврдеше дека енергетската компанија „Шел“ профитирала од војната и има интерес да ја оддалечи Унгарија од рускиот гас, додека за „Ерсте банка“ рече дека сака да влијае врз идната економска политика преку свои луѓе.

Унгарскиот премиер предупреди дека Европа се движи кон војна до 2030 година и дека претстојните избори ќе бидат „последни пред војната“. Според него, ЕУ се вооружува и подготвува населението за можен конфликт, додека на Украина ѝ доделува значителни финансиски средства.

Орбан повтори дека Унгарија нема да испраќа пари или оружје во Украина и дека унгарските војници нема да бидат испратени во конфликтот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

ВИДЕО: Рубио во Берлин и се закани на Европа, анализира CNN

Рубио оди кај Орбан и Фицо

Орбан: Граѓаните се на наша страна по сите клучни цивилизациски прашања

А1он

Трамп го испофали Орбан: Силен и моќен лидер

ВИДЕО: „БДП на Русија моментално е околу 2 трилиони евра. БДП на Европската Унија е речиси десет пати поголем. И сепак Европа не е десет пати посилна од Русија“

Катерина Ѓуровски