Почина актерката Ленче Делова

Од:

Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова, соопштија од Драмски театар.

„Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството и најблиските“, додадоа оттаму.

Делова е родена на 15 јуни 1948 година. Во кариерата има бројни улоги во Драмски театар и на телевизија. Добитничка е на наградите 1978: Награда „13 Октомври“ за учество во „Хамлет“ како ликот Офелија 1996: Награда за најдобро глумечко остварување, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“ 2006: Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“

Би можело да ве интересира

Почина Билјана Плавшиќ

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд