Камионџија од Албанија заработи кривична – при сообраќајна контрола во пасошот стави пари

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 13:50 часот на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица – Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. имал ставено пари.

Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски

Трамп планира да го отежни тестот за американско државјанство

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот

Директорот на Геријатрија барал 100 илјади, па се испазарил за 20 илјади евра мито

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

Осум дена притвор за битолскиот хирург фатен со мито

Катерина Ѓуровски