Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

Од:

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово.

Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12. февруари, осомничениот влезе во нејзиниот дом, физички ја нападна и со перница ја задуши жената.

-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото – соопшти полицијата.

Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане