Трошоците за живот зголемени 3,2 проценти

Од:

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува – 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 проценти.

Цените на мало во јануари годинава, во однос на декември лани, се намалени за 2,7 процента, а во однос на јануари лани се зголемени за 1,2 процент.

Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на живот во следните групи: Транспорт за
9,3 проценти, Информации и комуникации за 1,6 процент, Рекреација, спорт и култура за 1,5 процент, Облека и обувки за 1,2 процент, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Животот поскапува: Трошоците растат побрзо од малопродажните цени

Горан Наумовски

Раст на трошоците за живот, цените и инфлацијата

Трошоците на живот во март на годишно ниво повисоки за 2.7, а цените на мало за 2.2 отсто

Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво