Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4.8 %, а цените на мало за 5.6 %

Од:

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %.

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и култура за 0.9 %, Информации и комуникации за 0.7 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.5 %, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.1%.

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во мај годинава во однос на април се зголемени за 0.8 %.

Би можело да ве интересира

Инфлацијата во април 5.7 проценти

Катерина Ѓуровски

Инфалцијата во март е 4,9 %

Трошоците за живот зголемени 3,2 проценти

Животот поскапува: Трошоците растат побрзо од малопродажните цени

Горан Наумовски

Раст на трошоците за живот, цените и инфлацијата

Трошоците на живот во март на годишно ниво повисоки за 2.7, а цените на мало за 2.2 отсто