Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Од:

СВР Велес поднесе кривична пријава против едно лице од Чашка за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ кој додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 вработени во општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник. Додека, на едно лице – спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите, посочуваат од Министерството.

На тој начин, како што наведуваат од МВР, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари. Исто така, како што нагласуваат, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Би можело да ве интересира

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Кривична за петмина тетовци за трговија со дете и полов напад

А1он

Кривична за директор и раководител во ЈКП „Брегалница“ – Делчево, го оштетија претпријатието за над 7,5 милиони денари

А1он

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Убиство на велешанецот Ѓело Ѓошев – го намамија во автомобил, па му пукаа во глава

А1он

Kривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

А1он