ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно и даде поддршка и ги осуди нападите врз својата колешка и заменик координаторка Дафина Стојаноска од страна на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по објавените фотографии на кои се гледа дека тој за приватни цели го користи службеното возило. Го повикаа јавното обвинителство веднаш да отвори истрага по допрен глас, а Трендафилов да одговори колку пати го злоупотребил службеното возило за приватни цели и прошетки, колку литри гориво се потрошени од членарините, „и за што се друго ја има злоупотребено својата положба додека глуми скромност и голем заштитник на социјалната правда во Македонија“.

– Она што го видовме од страна на Слободан Трендафилов не е ништо друго помалку од директен атак, обид за замолчување и брутален притисок врз жената во политиката. Трендафилов избра на кукавички начин да ја нападне жената која имаше храброст јавно да го изнесе неговото расипништво. Ова е класичен пример на мизогинија, каде маж на функција се обидува да дискредитира и деградира жена, само затоа што ја обелоденила вистината, рече на прес-конференција пратеничката Лидија Петкоска.

Таа ги повика сите релевантни домашни и меѓународни организации да реагираат на оваа постапка на претседателот на ССМ.

Треба да се расчисти една работа, рече таа, а тоа е дека на јавно достапните снимки, идентитетот на лицата е заштитен токму затоа што целта не се децата, туку расипништвото и неговите двојни аршини.

– Трендафилов е тој што ги злоупотребил своите деца како жив штит за да ги одбрани неговите привилегии и комфор, ставајќи ги во возило кое му припаѓа на македонскиот работник. Со вокабуларот на опозицијата, да, монструозно е да земаш плата од работниците за кои наводно се бориш додека ти уживаш во луксузот на сметка на ССМ и македонските работници, рече Петкоска, додавајќи дека Трендафилов е целосно нелегитимен претседател и оти тој е таму само за да си ја зачува фотелјата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка