Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Од:

Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО од времето на Никола Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на вечерашната регионална средба во Штип.

„Знаеме со каква власт имаме работа. Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема да има никаков прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО-ДПМНЕ од времето на Никола Гуревски. Целосна партизација, контрола на медиумите, злоуотреба на службите, ништо ново.“ рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека граѓаните ги препознаваат лошите политики на владата, разочарани се од власта затоа што знаат дека нема иднина.

„Луѓето тоа го препознаа, сега кажуваат тотално сме разочарани од власта, не гледаме дека ќе се подобрат. Затоа мора да работиме за да ја вратиме целосно довербата во СДСМ. Дали можеме? Можеме. Затоа што се осека дека енергијата е променета, не се само партиските членови и симпатизерите, луѓето сфатија дека нема иднина со оваа власт“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. вечерва во Штип.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците