„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев“ – Собранието утре под блоката на Синдикатите

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест со блокада што ќе се одржи на 10 февруари 2026 година (вторник) пред Собранието на Република Македонија, со почеток во 9 часот. Блокадата ќе се одвива на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“.

Од ССМ велат дека протестот се организира поради, како што наведуваат, едногодишното молчење на пратениците за нивниот предлог за зголемување на минималната плата и на останатите плати. Синдикатот бара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за најмалку 6.000 денари или за разликата што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата.

ССМ обвинува дека пратениците не ги слушаат работничките барања, додека нивните плати веќе се зголемени за 79 проценти, со можност за дополнително зголемување од 21,8 проценти. Според синдикатот, ваквата состојба создава голем јаз меѓу примањата на функционерите и работниците.

Од ССМ најавуваат дека преку блокадата ќе се обидат да ги спречат пратениците да користат патни трошоци и ги повикуваат итно да гласаат за зголемување на работничките плати, како и за намалување на функционерските примања, согласно нивната иницијатива. Во спротивно, најавуваат собирање на 10.000 потписи за законски измени.

– Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците. Ги потсетуваме дека не само што мораат итно да гласаат за зголемување на минималната плата и за згомемување на сите останати плати, мораат да гласаат и за намалување на функционерските плати по иницијативата на ССМ. Доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10.000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати, вели во повикот објавен на социјалните мрежи, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Синдикатот информира дека за време на протестот ќе биде овозможено непречено движење на возилата на Итната медицинска помош, противпожарната бригада и полицијата. Од ССМ им се извинуваат на граѓаните за евентуалните застои и најавуваат дека секој итен случај ќе биде пропуштен

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Живко Митрески: Граѓанскиот суд донесе пресуда со која потврди дека во 2017 година нелегитимно сум сменет, сите одлуки на ССМ оттогаш се ништовни

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите