Русија го нападна Киев со балистички ракети

Од:

Руските сили го нападнаа Киев со балистички ракети. Во главниот град и во голем број други региони е прогласена воздушна тревога, објавува Украинска правда.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди нападот. „Експлозии во главниот град. Киев е под балистички напад. Силите за воздушна одбрана работат. Останете во засолништата!“, рече Кличко.

Тимур Ткаченко, началник на градската воена администрација на Киев, исто така, објави дека „е во тек непријателски напад со балистички ракети“. Украинските воздухопловни сили објавија брзо движечки воздушни цели над Черниговската област, кои се движат кон Киевската област, а потоа и кон самиот главен град.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир