Техеран испрати јасна порака: Подготвени сме и за војна за да ја одбраниме нуклеарната програма

Од:

Неколку дена по првите разговори со САД по народното востание во Иран, Техеран објави дека нема да се откаже од збогатувањето на ураниум, што е главна точка на сопнување со Вашингтон, „дури и ако ни биде наметната војна“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

– Иран плати многу висока цена за својата мирна нуклеарна програма и за збогатувањето на ураниум, рече Арагчи на форум во Техеран.

„Зошто толку инсистираме на збогатување и одбиваме да се откажеме од него дури и ако ни биде наметната војна? Затоа што никој нема право да ни диктира како ќе се однесуваме“, инсистираше дипломатот, кој во петокот разговараше со американскиот претставник Стив Виткоф во Оман.

Иран го повтори своето „неотуѓиво право“ на нуклеарно збогатување во саботата, додавајќи дека е подготвен за договор што ќе ги „смири“ САД по ова прашање.

Западните земји и Израел го обвинуваат Иран дека се обидува да се здобие со атомско оружје, што Техеран го негира, инсистирајќи на своето право на цивилна нуклеарна енергија.

Распоредувањето на американската војска во Заливот „не нè плаши“, додаде во неделата иранскиот министер за надворешни работи.

– Нивното воено присуство во регионот не нè плаши – увери Абас Арагчи, еден ден откако претставникот на Доналд Трамп за Блискиот Исток го посети американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“.

– Ние сме нација на дипломатија, но сме и нација на војна; тоа не значи дека бараме војна – рече Арагчи за време на форум во Техеран.

Би можело да ве интересира

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Три експлозии го потресоа островот Кешм во Иран, ракета погоди станбена зона

(ВИДЕО) Америка изврши одмазднички напади врз Иран

Горан Наумовски

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Техеран не попушта: Ормутскиот теснец останува затворен