Во куќа во Лас Вегас откриена нелегална биолошка лабораторија – неколкумина затруени

Од:

Повеќе луѓе кои престојуваa во куќа во Лас Вегас каде што наводно e откриена нелегална биолошка лабораторија се разболеa, изјави поранешна хигиеничарка во објектот, според неодамна објавените судски документи.

Поранешната хигиеничарка, која го користи псевдонимот „Кели“, ги извести властите за наводната операција на почетокот на минатиот месец, според извештајот за апсење на управителот на домот поднесен до Судот за правда во Лас Вегас по викенд-претресот во домот.

Кели изјави дека е ангажирана од менаџерката на објектот Ори Соломон за да го исчисти домот, кој се изнајмува онлајн.

Таа изјави дека додека ја чистела куќата во април 2025 година, пронајде „фрижидери, стаклени цевки со црвеникава течност, биолошки безбедносен кабинет и она што верувала дека е центрифуга“ во гаражата.

Кели додаде дека таа, асистентката на Соломон и нејзиниот сопруг „тешко се разболеа“ откако влегоа во гаражата, со симптоми кои вклучуваат проблеми со дишењето, замор и болки во мускулите.

– Кели изјави дека многу луѓе кои живееле во куќата се разболеле. Една жена заврши во болница со тешки респираторни проблеми. Таа, исто така, забележала дека кога ја чистела куќата, пронашла многу мртви штурци во главната спална соба, што било многу необично бидејќи живеела во Лас Вегас со години и никогаш порано не видела нешто слично – според извештајот.

Полицијата и ФБИ отстранија опрема и материјали од гаражата и ги транспортираа во лабораторија на источниот брег на САД за да тестираат повеќе од 1.000 примероци, чии резултати сè уште не се објавени.

Во извештајот се наведува дека куќата „служи за складирање на лабораториска опрема, потенцијални вируси и биолошки супстанции“.

Сопственичката на куќата и управител на имотот, Ори Соломон, беше уапсена и се соочува со федерални и државни обвиненија, вклучително и нелегално фрлање опасен отпад и поседување оружје со што се прекршуваат условите за виза.

Во извештајот се наведува и поврзаноста на Соломон со претходен оператор на нелегална биолошка лабораторија во Калифорнија.

Пронајдени се и шишиња со хлороводородна киселина, кои, според полицијата, биле несоодветно складирани, со што се загрозувале животите на сите што живеат во гаражата или минуваат покрај неа, особено затоа што куќата се користела и како привремен сместувачки капацитет за изнајмување.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Во Скопје отворена најголемата и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот

(ИНТЕРВЈУ) Д-р Момировска: Младите побрзо создаваат антитела, а најбрзо имунитет се стекнува од вакцините „Фајзер“ и од „Спутник“

Мери Јордановска

Нема загинати и повредени Македонци во Лас Вегас, дежурен телефон +1 102 66 70501

Ана Ололовска