Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Од:

Пратеничката група на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог-закон за укинување на дискреционото право на директорите во јавното здравство при вработување, со кој се воведува обврска за избор на најдобро рангираните кандидати на транспарентни конкурси со јасни, мерливи и проверливи критериуми.

„Со Предлог-законот на Левица се прави неопходен и одлучен чекор кон дефинитивно укинување на децениските практики на непотизам, партизација и клиентелизам, преку елиминирање на дискреционите овластувања и воведување задолжително почитување на ранг – листите и објективните критериуми при вработување.

Јавното здравство со децении е оптоварено со системски непотизам, партизација и клиентелизам, каде што роднинските врски и партиската подобност се вреднуваат повеќе од стручноста, знаењето и професионалниот интегритет. Дискреционото право на директорите се претвори во институционализиран механизам за репродукција на привилегии, со што јавното здравство функционира како затворен систем на наследни и партиски вработувања.

Како директна последица на ваквите политики, најквалитетните и највисоко рангираните здравствени работници се системски оттурнати од јавното здравство и принудени својата професионална кариера да ја продолжат во приватните здравствени установи во државата, каде што нивното знаење станува пазарна стока или во здравствените системи во странство, каде што државата практично го извезува сопствениот образуван кадар од државните универзитети, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

(ВИДЕО) Мециновиќ: Огромна потрошувачка на струја, а мала корист за граѓаните

Костадиновски: На македонската политичка сцена се уште опстојува примитивен политички менталитет

Исмаил: Како се потпишува „доверлив“ документ без безбедносен сертификат?

Горан Наумовски

Левица: Куклица во заложништво на институционалната негрижа – незаконска наплата за влез на локалитетот