(ВИДЕО) Американска ТВ водителка ги моли киднаперите да ѝ ја вратат мајката

Од:

Познатата американска телевизиска водителка Савана Гатри упати јавен апел за враќање на нејзината киднапирана мајка, велејќи им на нејзините киднапери дека семејството е подготвено да разговара, но само откако ќе обезбедат доказ дека таа е жива. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп вети помош од федералните и локалните сили, пишува Скај њуз. Во емотивна видео порака објавена на социјалните мрежи, водителката на НБЦ, опкружена со нејзиниот брат и сестра, им се обрати директно на киднаперите.

„Подготвени сме да разговараме. Сепак, живееме во свет каде што гласовите и сликите можат лесно да се манипулираат“, рече таа и додаде „Треба да бидеме апсолутно сигурни дека таа е жива и со вас. Сакаме да не контактирате и ние сме подготвени да ве слушнеме. Ве молиме контактирајте не.“

Низ солзи, таа ја опиша состојбата на нејзината мајка: „Нашата мајка е срцето на нашето семејство и нашиот дом. Таа има 84 години. Таа е во слабо здравје и има слабо срце. Живее во постојана болка. Нема лекови, а ѝ се потребни за да преживее и да не страда.“

Таа, исто така, ѝ испрати порака на нејзината мајка: „Мамо, ако го слушаш ова, ти си силна жена. Ти си драгоцено Божјо дете.“

Ненси Гатри, 84, последен пат беше видена во сабота навечер во нејзиниот дом во близина на Тусон, Аризона. Таа беше пријавена за исчезната следниот ден откако не се појави во црква. Истражителите пронајдоа знаци на провала во домот и веруваат дека била киднапирана.

Неколку медиуми објавија дека добиле пораки претходно оваа недела во кои наводно се бара откуп, кои веднаш ги предадоа на полицијата. Властите сè уште не потврдија дали се автентични.

Би можело да ве интересира

Иран: Имаме решение за блокадата

Горан Наумовски

Иран бара воена репарација, целосен суверенитет над Ормутскиот теснец…

Горан Наумовски

CNN: САД ги засилуваат извидувачките летови околу Куба

И покрај американските закани, Путин продолжува да му помага на Иран

(ВИДЕО) Доналд Трамп објави тајни НЛО документи: Во фокусот и фотографија од мисијата „Аполо 12“

Предраг Петровиќ

Рубио најави нови санкции против Куба