Трамп со нова стратегија: „Договорот е веќе постигнат“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Флорида изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, велејќи дека веќе е постигнат „концепт за договор“.

Ројтерс објави дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуелска нафта за да ја намали својата зависност од руската нафта.

Индија претходно беше голем купувач на руска нафта откако западните санкции беа воведени по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.

Трамп ги дуплираше царините за индискиот увоз на 50 отсто во август минатата година за да изврши притисок врз Њу Делхи да престане да купува руска нафта.

Трамо предупреди дека царините би можеле повторно да се зголемат ако Индија не ги ограничи своите купувања.

Сепак, американскиот министер за финансии Скот Бесант сигнализираше дека дополнителната тарифа од 25% може да биде укината бидејќи увозот на руска нафта од Индија се намалува.

Американската администрација воведе тарифа од 25% за земјите што купуваат венецуелска нафта во март 2025 година, а минатата година Трамп се закани дека ќе ја воведе истата мерка за Индија.

Во меѓувреме, САД оваа недела ги ублажија некои санкции врз венецуелската нафтена индустрија за да им се олесни на американските компании да продаваат сурова нафта.

Трамп, исто така, рече дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, истакнувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нетанјаху е одличен партнер за мене

(ВИДЕО) Бунт против Трамп во Конгресот: и републиканци гласаа против војната со Иран

Трамп: Иран се согласи да нема нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Норвешка бара од ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на Доналд Трамп

ВИДЕО: Зеленски со молба до Трамп, по страшниот руски напад

Катерина Ѓуровски

Трамп се надева дека примирјето меѓу Изрел и Хезболах ќе биде „засекогаш“

Катерина Ѓуровски