SpaceX ја блокираше руската неовластена употреба на Starlink

Од:

Илон Маск објави дека чекорите што ги презеде SpaceX за да го спречи „неовластеното“ користење на Starlink од страна на Русија се чини дека се успешни. „Чекорите што ги презедовме за да ја спречиме Русија од неовластено користење на Starlink се чини дека се исплатуваат. Ве молиме известете нè ако треба да се направи повеќе“, објави извршниот директор на SpaceX Маск на X.

Министерот за одбрана на Украина, Михаило Федоров, изјави во четврток дека Украина работи со SpaceX за да ја спречи Русија да лета со дронови користејќи го интернет системот на Starlink, откако Киев соопшти дека го пронашол на дронови со долг дострел што се користат во руските напади.

„Западната технологија мора да продолжи да му помага на демократскиот свет и да ги штити цивилите, наместо да се користи за тероризам и уништување на мирни градови“, напиша Федоров на X.

Би можело да ве интересира

SpaceX го купува безжичниот спектар на Ekostar за 17 милијарди долари и ја проширува сателитската мрежа

А1он

ВИДЕО: Експлодираше Starship на Маск, предизвика хаос со летовите на неколку аеродроми

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски