Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот

Од:

По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во заташкување на чувствителни предмети и амнестирање на функционери од ДПМНЕ, отвораме уште посериозен и поалармантен аспект:Членката на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако согласно Закон е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со сиот свој имот, но и со имотот на нејзиното семејство – самата свесно го прекршила Законот, велат од Левица.

– Согласно закон, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК – институција која изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување на имот!

Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување на податоци кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња!

Оттука, логично се наметнува прашањето:
Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или „заглави“ во некоја фиока?

Станува збор за членка на тело кое во изминатиот период систематски ги амнестираше од одговорност функционерите на ДПМНЕ – од сомнителни дипломи, преку судир на интереси, до милионски тендери… и секогаш „не се наоѓаше ништо спорно“. Денес истата таа членка се соочува со факт дека самата го прекршила Законот.

Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциска комисија во која член што затвора предмети за власта, во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.

Левица јавно прашува:
Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипци, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги започне од сопствениот двор?

Утре Левица ќе обзнани и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска