Програма за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија за 2026 – 2030 потпишана во Крушево

Од:

Министерот за култура и туризам на Македонија, Зоран Љутков, денес во Крушево оствари средба со својот српски колега, Никола Селаковиќ.

На средбата, според Министерството за култура, потенцирани се одличните односи меѓу двете држави, со акцент на пријателството, традицијата и континуираната културна соработка.

Од двајцата министри потпишана е и нова „Програма за соработка во културата 2026–2030“ посочена како рамка за понатамошно продлабочување на културните врски меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беше и улогата и успешното работење на Македонскиот културен центар во Белград, каде што во пресрет на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, оваа година, е најавена реализација на повеќе културни проекти.

На средбата е разгледана и континуираната поддршка на македонската заедница во Србија и српската заедница во Македонија, како и заедничките активности во рамки на Форумот на словенските култури, со проектот „100 словенски романи“ и музејската работилница која е планирана да се одржи во септември 2026 година во Охрид.

Би можело да ве интересира

Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

А1он

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он

Отворен Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“

А1он

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

А1он

Љутков: За 10 проценти е зголемен бројот на туристи во седумте месеци годинава, а за 5,5 проценти се поголеми ноќевањата

А1он

Новата Универзална сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта

Горан Наумовски