Љутков: Нема укинување, туку реорганизација на културните институции

Од:

Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите – истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово.

Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026 – 2030 не се предвидува затворање институции, туку „разумна рационализација“ на установи, кои, како што рече, биле формирани во минатото без анализа, без систематизација и без обезбедени кадровски и просторни услови.

– Не ги укинуваме институциите, туку ги реорганизираме во рамките на установи во кои има потреба од кадар. Целта е да им се обезбедат подобри услови за работа – истакна Љутков.

Министерот посочи дека процесот се однесува на вкупно 12 институции, а не само на ансамблот во Тетово, наведувајќи дека во слична состојба се и други установи, како „10 дена Крушевска Република“, Смилевскиот конгрес и Камерниот оркестар во Битола.

Во однос на вработувањата, Љутков негира дека се стопирани истакнувајќи дека таква негова изјава не постои. Тој појасни дека со реорганизацијата административниот и техничкиот кадар ќе се презема од Центарот за култура во Тетово, а за уметничкиот кадар ќе се овозможи ново вработување.

– Ансамблот ќе се зголеми и ќе функционира во рамките на Центарот за култура во Тетово, каде што и припаѓа – рече министерот.

Тој додаде дека целта на реформите е да се надминат, како што рече, пропустите од минатото и да се воспостави пофункционален систем во културниот сектор, со подобро искористување на капацитетите на постојните институции.

Би можело да ве интересира

Љутков од Нови Сад: Јубилејот за Македонците во Војводина има историско и културно значење

(ВИДЕО) Љутков тврди: Не сум попречил остварување на какво било работничко право загарантирано со Уставот и со закон

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Програма за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија за 2026 – 2030 потпишана во Крушево

А1он

Министерот Љутков го формираше Советот за туризам

А1он

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он