Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен денеска рече дека постојат црвени линии што не смеат да се преминат во разговорите со САД, истовремено тврдејќи дека треба да се направи повеќе за да се зголеми безбедноста во регионот поради наводно „сè поагресивната“ Русија.
Официјна Москва повеќепати ги карактеризираше наводните тврдења за Русија и Кина како закани за Гренланд со мит за поттикнување хистерија.
Половина од копнената маса на Арктикот е руска територија. Од 2005 година, Москва повторно отвори и модернизираше десетици воени бази од советската ера, како на своето арктичко копно, така и на островите покрај нејзиниот северен брег.
Јенс-Фредерик Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен беа во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон за да ја зацврстат поддршката што им е потребна откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се стреми да го преземе арктичкиот остров, кој со векови е данска колонија која последните децнии доми автономија.
Треба да се одржат разговори меѓу Гренланд, Данска и САД во обидот да се изнајде решение за кризата, но Нилсен вели дека Гренланд има одредени црвени линии што не можат да се преминат, иако се надева дека ќе постигне некаков договор. Тој не даде детали.
„Ние сме под притисок, сериозен притисок. Се обидуваме да се спротивставиме. Се обидуваме да се справиме со стравот на нашиот народ“, рече тој.