Александра М. (34) од Соколац (БиХ) е уапсена под сомнение дека се обиде да го убие својот сопруг Предраг М.(36) – со нож.
По злосторството, таа сама се пријави во Полициската станица во Соколац, каде што се јави по телефон и рече дека „го закла сопругот“.
Како што дознава ATV, таа му го пресече грлото на сопругот со нож и мислеше дека тој е мртов.
Сепак, по пристигнувањето на местото на злосторството, полицијата откри дека мажот покажува знаци на живот.
Тој итно е префрлен во болница во Источно Сараево, каде што е опериран. Неговата здравствена состојба моментно е стабилна и е на интензивна нега.
Злосторството се случи вчера во 18:30 часот во семејната куќа во Соколац.
Точните околности и мотивот на злосторството се испитуваат детално, а првичните информации укажуваат дека алкохолот придонел да дојде до сето ова.
По апсењето, утврдено е дека жената била под дејство на алкохол, а за време на истрагата, во куќата е пронајден ножот што бил употребен во нападот и ќе биде испратен на вештачење.