Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Од:

Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави Ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки, извести Јавното обвинителство.

Во извештајот на ДЗР се констатирани неправилности и неусогласености во работењето на општината и поради нивното значење изразено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики на сметката на основен буџет (630) и неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики за сметката на основен буџет (637).

– Општина Охрид нема искажано побарувања по основ на надоместок за одржување на јавна чистота, а ЈП „Охридски Комуналец“ со години не ги уплаќа овие средства во општинскиот буџет. За 2024 година, по овој основ јавното претпријатие прикажало обврски од 22.880 илјади денари, а општината има поднесено тужби за 2021, 2022 и 2023 година во износ од 53.831 илјада денари.

Исто така, не се искажани побарувања за комунална такса за користење на простор за паркирање на моторни возила на територијата на општината. Јавното претпријатие кое стопанисува со паркинзите на подрачјето на општината ЈП “Билјанини извори” Охрид со години ја нема уплатено комуналната такса, чија што обврска според евиденцијата на претпријатието, изнесува 3.901 илјада денари.

Без Одлука од Советот на општината, извршен е отпис на побарувања од буџетски корисници во износ од 534 илјади денари за фактурирани комунални трошоци во период од 2017-2020 година) и отпис на 4.832 илјади денари, претплатни салда за кои нема соодветна поткрепувачка документација, а се однесуваат на повеќе физички и правни лица, се вели меѓу другото во извештајот.

Би можело да ве интересира

Хаос во работењето на Општина Охрид во 2024, констатира Државниот завој за ревизија

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид