Романскиот претседател Никушор Дан денес ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија.
Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја во Република Молдавија за тоа“, објавува агенцијата Агерпрес.
„Нема причина за тоа сè додека нема волја во Молдавија за тоа“, рече Дан, потсетувајќи дека Романија има обврска кон Република Молдавија да ја поддржи на нејзиниот европски пат.