„Играм против Ѓоковиќ, загрижен сум“ – Холанѓанецот го победи Новак во претходниот натпревар

Од:

Учесниците од третото коло на машката поединечна конкуренција на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ и Холанѓанецот Ботик ван де Заншулп, забележаа по една победа во досегашното соперништво.

Холанѓанецот беше цврст предизвикувач, победувајќи го српскиот ас минатата година на Мастерсот во Индијан Велс во истите услови (бетон, на отворено), но тој е свесен дека играњето против Новак на грен слемот е нешто сосема друго.

„Иако победив тогаш, не се чувствував одлично; сега сè е подобро – кога станува збор за мојот тенис. Се надевам дека ќе ми помогне… Тука во Австралија, на еден од неговите омилени турнири, на еден од неговите омилени терени, тоа е веќе поинаков тест. Се мачеше во Индијан Велс. Условите беа сурови: беше многу жешко и топката многу отскокнуваше“, рече холандскиот ас.

„Секогаш е убаво да се игра против еден од најдобрите. Ќе биде убав натпревар, знам дека можам да играм добро против легенди и го покажав тоа во минатото“ – рече Ван де Заншулп.

Тој ги гледа своите шанси на Отвореното првенство на Австралија со нота на реален оптимизам:

„Знам што сум способен оваа година во Австралија. Ми дава инјекција на самодоверба кога гледам такви имиња на ждрепката. Секако дека сум загрижен за играњето против Ѓоковиќ, но колку сум подалеку на турнирот и имам неколку натпревари зад мене, чувствувам дека можам да ги победам дури и таквите играчи. Натпревари како овој против Новак се прекрасни можности за уживање – ако е воопшто можно да се доживее тоа за време на нив“, додава најдобриот тенисер на Холандија.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ: Јас сум патриот, но секогаш го претставував народот – не владата

А1он

Ѓоковиќ собори рекорд на Федерер

А1он

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он