ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Од:

Лицемерието и играњето со чувството на народот од страна на СДС, ја помина одамна границата. Глумењето дека не беа до пред 1,5 година на власт, не им поминува. Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивни време. Па и оние кои ги укинаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таков е и КЗ односно членот 353 со кој си се амнестираа од криминалот, а со тоа си ги заштитија своите функционери кои се синоним за криминал и корупција. Сега лицемерието оди дотаму, да поднесуваат амандмани да го врателе законот каков што бил пред 2023 година. Па, господа од СДС, кој го избриша тој Закон? Токму вие! На граѓаните им е јасно кој води искрена, а кој лажна политика. Вакво лицемерие, ваква надменост и лоша визија одамна немало. Новиот КЗ којшто ќе го донесе оваа година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во согласност со Канцеларијата на Европа и Венецијанската комисија. Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси