Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција

Од:

Македонија значително заостанува не само зад просекот на Европската Унија туку и зад балканските пазари во однос на подготвеноста на државата за е-трговија поддржана од вештачката интелигенција.

Според AI Preparedness Index (AIPI) – индексот што го воведе Меѓународниот монетарен фонд во 2023 година и кој ја мери подготвеноста на земјите да ја применуваат вештачката интелигенција на одржлив и инклузивен начин, Северна Македонија има просек од 0,48.

Европските лидери како Данска, Естонија и Холандија имаат индекс над 0,76, а од државите во Западен Балкан најдобри резултати на овој план покажува Босна и Херцеговина.

Според Асоцијацијата за е-трговија, ова укажува дека бизнис-екосистемот во земјата сè уште нема доволно капацитет целосно да ја искористи вештачката интелигенција во е-трговијата за персонализација, автоматизација, анализа на податоци, логистика и управување со ризици. Главните ограничувања се поврзани со дигиталната инфраструктура, иновативниот капацитет и интеграцијата во глобалната дигитална економија иако постојат позитивни сигнали во делот на човечкиот капитал и адаптацијата на пазарот на труд.

– Е-трговијата во Северна Македонија бележи силен раст, но следната фаза мора да биде фокусирана на квалитет, доверба и одржлив развој, не само на квантитет. Вештачката интелигенција не е технологија на иднината, таа е реалност денес што го менува начинот на кој функционира дигиталната економија. Нашата задача е да им помогнеме на е-трговците, институциите и на потрошувачите да бидат подготвени за оваа трансформација преку приближување на клучните трендови и континуирана едукација, иницијативи и кампањи – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија во Северна Македонија, Нина Ангеловска-Станков.

Од друга страна, податоците во прегледот на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од страна на Асоцијацијата за е-трговија, покажува дека 63,2 проценти од интернет-корисниците во земјата купувале онлајн во 2024 година, што ја позиционира Македонија меѓу водечките пазари во регионот по учество на онлајн-купувачи, иако е сè уште под европскиот просек.

Би можело да ве интересира

Ново откритие со ВИ: Идентификувани два подтипови на мултиплекс склероза

Јужна Кореја ја засилува стратегијата за вештачка интелигенција со инвестиција од пет милијарди евра

Илон Маск не се откажува од трката за развој на вештачка интелигенција

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Застрашувачката најава на Бил Гејтс за 2035 година

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови