ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Од:

Две лица го загубија животот во Грција како последица на силните дождови и поплави што ја зафатија Атина и други делови од земјата.

Според грчката противпожарна служба, 56-годишна жена загинала во јужното атинско предградие Глифада, откако била удрена од автомобил кој бил однесен од надојдените води.

Претходно, 53-годишен припадник на крајбрежната стража од пристаниште во Пелопонез загинал откако паднал во морето додека се обидувал да врзе мал чамец. Полицаецот бил однесен од силниот ветер и разбрануваното море.

Грција вчера беше погодена од интензивни врнежи од дожд, грмотевици, силни ветрови и снежни врнежи во некои региони. Надлежните служби соопштија дека неповолните временски услови се очекува да продолжат и денеска.

Шест региони во земјата се ставени во состојба на зголемена мобилизација, а во повеќе подрачја извршени се евакуации на домаќинства како превентивна мерка.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он