Трамп за Гренланд: Можев да платам, но цената е безбедноста

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека може да замисли да плати за Гренланд, но нагласи дека вистинската цена не се парите, туку безбедноста – и американската и меѓународната.

„Можев да го видам тоа… Но, постои поголема цена, а тоа е цената на безбедноста, националната безбедност, мислам на меѓународната безбедност.

Тоа е навистина голема цена“, рече Трамп, објави Си-Ен-Ен. Т

рамп нагласи дека стекнувањето на Гренланд ќе ги направи САД и Европа „побезбедни и посилни“.

Данска веќе изјави дека Гренланд не е на продажба, но американскиот претседател нагласи дека е „императив САД да го имаат Гренланд под нивна контрола“. Како што објави Си-Ен-Ен, изјавите на Трамп доаѓаат откако тој ја исклучи можноста за употреба на воена сила за Гренланд порано денес.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата нагло паднаа

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје

Ние го одредуваме крајот на војната – Револуционерната гарда му одговори на Трамп

(ВИДЕО) Трамп во неколку часа даде контрадикторни изјави за Иран: Војната и е заврешена и е на почеток

Катерина Ѓуровски

Трамп итно му се јавил на Путин