Франција за тврдењето на Трамп: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“

Од:

Франција го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека го принудил францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми цената на лековите што се издаваат на рецепт.

Во објава на платформата X, француското претседателство изјави дека Макрон „не ја одредува“ цената на лековите што се издаваат на рецепт.

„Тие се регулирани од системот за социјално осигурување и всушност останале стабилни. Секој што некогаш стапнал во француска аптека го знае ова“, соопшти Елисејската палата во порака на англиски и француски јазик.

Францускиот одговор вклучуваше GIF од Доналд Трамп со натпис: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Трамп рече дека Макрон се согласил со зголемувањето на цената на лековите откако му се заканил со „царина од 25 проценти за сè што продава на САД и 100 проценти царина за вино и шампањ“.

Трамп тврдеше дека на Макрон, како и на другите светски лидери, му биле потребни околу „три минути“ за да се согласи со неговите барања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп и Путин разговараа еден и пол час, Кремљ објави детали

ВИДЕО: Трамп со вештачка интелегенција ги лечи Де Ниро, Џулија Робертс и другите критичари

Трамп пријави огромен крипто приход, Белата куќа тврди дека нема судир на интереси

(ВИДЕО) Измешани пораки: Трамп најави продолжување на преговорите, Техеран тврди дека не е закажана средба

(ВИДЕО) Трамп: Ако продавачите на гориво не ги намалат цените веднаш, ќе има големи проблеми

ВИДЕО: Трамп се соочува со порази во обидите да ги промени изборните правила

Катерина Ѓуровски