Во Германија живеат над 160 илјади Македонци

Од:

Германија одамна е една од главните дестинации за македонските граѓани кои бараат подобри услови за живот и работа. Според најновите податоци од Централниот регистар на странци (AZR), во оваа европска земја живеат 161.044 македонски државјани, со што Македонија се најде меѓу 25-те земји со најбројна дијаспора во Германија.

Во земја со над 14 милиони странци, Македонците се 22. по бројност, веднаш зад Кина и Иран, а пред Виетнам. Податоците ја потврдуваат долгогодишната миграција од Македонија, но и стабилното присуство на македонската заедница на германскиот пазар на труд. Она што не влегува во оваа бројка се Македонците кои во Германија заминале со бугарски пасоши.

Земјите од Балканот традиционално имаат силно присуство во Германија. Македонците се дел од поширок бран работна миграција заедно со граѓани од Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Грција.

Најмногубројни од регионот се:

Бугарија – 422.787

Хрватска – 414.555

Грција – 347.486

Косово – 322.571

Србија – 262.479

Босна и Херцеговина – 246.724

Македонија – 161.044

Украинците ја стигнуваат Турција

На врвот на листата остануваат Турците, со околу 1,52 милиони луѓе, но нивната доминација е загрозена. Поради војната од февруари 2022 година, бројот на Украинци во Германија драматично порасна и сега надминува 1,4 милиони, што ги прави втора најголема група странци. За споредба, на крајот од 2020 година во Германија живееле само околу 135 илјади Украинци.

Вкупно во Германија живеат 14.077.867 странци, или 16,8 проценти од населението. Ако се вклучат и лицата со мигрантско потекло – деца на странци родени во Германија, натурализирани лица и доцни имигранти – бројката достигнува 25,2 милиони, односно над 30 проценти од населението.

Би можело да ве интересира

Заврши заложничката криза во Фолксбанк во германскиот град Зинциг

А1он

Драма во Германија: Заложници се заклучени во банка, центарот на градот е блокиран

Горан Наумовски

Крупала го обвинува Мерц дека ја турка Германија во војна: „Нема да има мир без Русија“

„Фајненшл тајмс“: Одбивањето на САД да распоредат ракети во Германија ќе ги наруши воените планови на Европа

Писториус не знае каде се 111 милијарди евра наменети за Бундесверот

Вaдeфул: Германија бара Иран да го отвори Ормутскиот теснец и да ја прекине својата нуклеарна програма

Горан Наумовски