Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Од:

На Универзитетската клиника за детски болести се хоспитализирани 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои, кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката.

Заболените, посочи докторката, се на возраст до 14 години од кои најголем број се на возраст до пет години.

– Тие се во добра општа состојба. Дел од нив имаат компликации од типот долно респираторни инфекции, бронхит, бронхопневмонија или бронхиолит. Нема потешки случаи и во моментов нема пациенти на кислородна поддршка. Од хоспитализираните најчесто едно до две деца се со хронични заболувања, рече доктор Мицевска.

Таа истакна дека ако се појават симптоми на акутна инфекција, како што е зголемена температура, доколку состојбата на детето е добра во првите 24 до 48 часа родителите треба да се обидат во домашни услови да ја намалуваат темепературата, да му даваат течност и да ја следат состојбата.

– Подоцна ако има некакво влошување на состојбата и ако не се намалат или не се повлечат симптомите, родителите треба да го однесат детето на матичен лекар или во дежурна служба. Превенција против овие инфекции е да се избегнува да се носат децата на места, каде што има многу луѓе, а децата кои имаат симптоми на акутни вирусни инфекции треба да се изолираат дома и да не се пуштаат во училите и во градинка, додаде во изјавата д-р Мицевска од Детската клиника.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

Болничко образование за деца кои се лекуваат од канцер, ако има потреба ќе има домашна нстава за повредените во „Пулс“

Катерина Ѓуровски