Сè зависи од него: Човекот на Путин пристигнува во Давос

Од:

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот лидер Владимир Путин за инвестиции и надворешна економска соработка, пристигна во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.

Дмитриев, според неименувани извори, планира да разговара со американски претставници.

„Пристигнав во Давос“, објави Дмитриев на платформата X.

Тој ја придружи објавата со постер на кој пишуваше „Давос – каде што глобалистите дискутираат за колапсот на глобализмот“.

Неименувани извори изјавија за Ројтерс дека Дмитриев планира да разговара со американски претставници на маргините на Светскиот економски форум.

Дмитриев е клучна фигура во разговорите за завршување на војната во Украина и разгледување на идните деловни можности меѓу Русија и САД, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

(ВИДЕО) Загина руски генерал кој пред 20 дена доби титула „Херој на Русија“

А1он

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Американците потврдија дека имаат оружје во вселената: „Одговор на Русија и Кина“