Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Од:

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднесе до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил.

Алиу посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле.

-Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истажувако-научна работа, како и посветеност кон семејството, вели тој.

Алиу на Владата и посакува понатамошни успсеси во работата и упатува благодарност за довербата и за можноста што му била укажана да служи на оваа одговорна позиција.

Лулзим Алиу е кадар на коалицијата ВРЕДИ, односно од партијата Алтернатива. Тој упати благодарност и до партијата и нејзиниот актуелен претседател Беким Али и на претходните партиски претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Федерика Могерини поднесе оставка

Нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се јадат, вели Алиу

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска