Москва застана зад Трамп: Зеленски ја блокира можноста за договор

Од:

Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за Ројтерс го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за тековниот конфликт, објави Скај њуз.

Запрашан за рускиот претседател Владимир Путин, Трамп за Ројтерс изјави: „Мислам дека е подготвен да склучи договор“.

Тој додаде: „Мислам дека Украина е помалку подготвена да склучи договор“. На прашањето зошто конфликтот сè уште не е решен, Трамп одговори со еден збор: „Зеленски“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија се согласува со проценката на Трамп.

„Можеме да се согласиме за ова, тоа е вистина“, рече Песков.

Песков нагласи дека „претседателот Путин и руската страна ја одржуваат својата отвореност“.

Песков, исто така, објави дека Москва ќе ги пречека претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, откако ќе се договори датумот за нивната посета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има слика, нема тон – војната со медиумите му се удри од глава на Трамп

Катерина Ѓуровски

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Што значи договорот на САД и Данска за Гренланд

ВИДЕО: Трамп го потпиша законот за новите санкции за Русија