Трамп во жесток судир со премиерот на Гренланд: „Не знам кој е, но е во неволја“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, и рече дека дури и не знае кој е.

Нилсен претходно изјави дека ако Гренланд треба да избере помеѓу Данска и САД, секогаш ќе ја избере Данска.

– Сега се соочуваме со геополитичка криза и ако треба да избереме помеѓу Соединетите Американски Држави и Данска тука и сега, тогаш ја избираме Данска. Го избираме Гренланд каков што го знаеме денес, кој е дел од Кралството Данска, рече Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген.

Неговата изјава беше дочекана со неодобрување од американскиот претседател.

„Тоа е нивен проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој. Не знам ништо за него, но тоа ќе биде голем проблем за него“, рече Трамп.

Иако арктичкиот остров со 57.000 жители долго време дебатира за својата независност од Данска, анкетите на јавното мислење покажуваат дека жителите на Гренланд се во огромно мнозинство против идејата за приклучување кон Соединетите Американски Држави. Таа загриженост се одрази на изборите во март минатата година, кога тројца од четворица гласачи од Гренланд ги поддржаа партиите кои се залагаа за бавен пат кон независност.

Министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска ќе се сретнат во Вашингтон во среда (14 јануари) со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и државниот секретар Марк Рубио, по обновените закани за преземање на контролата врз Гренланд.

Би можело да ве интересира

Трамп: Не бев загрижен, напаѓачот е болен човек

Трамп се заканува, Иран е сè потрпелив: Војната донесе повеќе придобивки отколку штета за Техеран

Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества

Катерина Ѓуровски

Кога сте важен претседател, во опасност сте – прво интервју на Трамп по нападот

Објавен манифестот на напаѓачот на гала-вечерата на Трамп

Ирански пратеник: Ормутскиот теснец нема да се врати во статусот од пред војната

Катерина Ѓуровски