Европратениците не се поканети во Србија, не и мислат добро на земјата, нема да се среќавам со нив, вели Вучиќ

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека делегацијата на Европскиот парламент што најави посета на Белград не била поканета, ниту, како што рече, официјално ја информирала српската страна за своето доаѓање.

Тој ги отфрли обвинувањата дека заедно со претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, избегнува средба со европратениците, наведувајќи дека посетата е самостојна одлука на делегацијата.

„Седнале мрзачите на Србија и се договориле. На 20 и некој ќе одиме. Не можете да дојдете во нечиј дом без покана. Ние не ги поканивме и не бевме информирани за нивната посета“, рече Вучиќ по настанот „Недела на одржливост 2026“.

Вучиќ додаде дека обврските за тој период ги договорил уште пред пет месеци, вклучително и учество на состанок во Давос.

Тој истакна дека нема намера да се сретне со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, ниту со дел од европратениците, меѓу кои и Владимир Пребилич, оценувајќи дека тие, според него, не ѝ посакуваат добро на Србија.

„Немам намера да трошам време на луѓе кои не ѝ мислат добро на Србија. Ќе се сретнам со оние со кои можам да одлучувам за иднината на земјата“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе продолжам да соборувам рекорди со појавувања на телевизија, тоа е работа на претседател

А1он

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Зеленски кај Вучиќ во Белград

Катерина Ѓуровски

Вучиќ на одбележувањето на годишнината од „Олуја“: Повеќе нема да има злосторства врз српскиот народ

Вучиќ: Не постојат босански и хрватски Срби – сите сме Срби

А1он