(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера.

https://www.youtube.com/live/iua9kX1dg1M

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати, рече Мицкоски, откако соопшти дека тој го победил својот противкандидат од СДСМ со двојно повеќе гласови или над 1000 гласови разлика.

Оваа победа, вели тој, е резултат на концепт што постојано го градиме – скрмност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.

-Во другите општини изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Во целокупната политична слика е повеќе од јасна – со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДОМНЕ победи во вкупно 56 општини во Македонија, СДСМ во шест. Тоа не е случано тоа е јасен политички суд на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој оцени дека денешниот изборен ден во четири општини каде имаше повторени локални избори поминал во демократска мирна и достоинствена атмосфера и оти и покрај тешките временски услови граѓаните го оствариле своето право на глас.

-Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици ова е вредност што мора да се чува и надградува без разлика на политичките разлики, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Во Маврово и Ростуше, покрај Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ во трката за градоначалник беше и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Виена: Заедно со дијаспората до посилна Македонија

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски: Законот за високо образование е државно, a не политичко прашање

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска