Азгади: Иран да примени „венецуелско сценарио“ кон Трамп

Од:

Високиот ирански функционер и идеолог Хасан Рахимпур Азгади изјави дека Иран, како одговор на ставот на Вашингтон за протестите во таа земја, треба да се однесува кон американскиот претседател Доналд Трамп „на начинот на кој тој се однесуваше кон Мадуро“.

„Со оглед на ставот на Трамп, секаков вид операција на територијата на САД, во сите држави и градови, вклучително и деструктивни операции како оние што ги спроведуваат тука, би била дозволена… против американските функционери и оние поврзани со нив“, рече Азгади.

Како што додаде, „Иран мора да му го направи на Трамп она што му го направи на венецуелскиот претседател Николас Мадуро“.

– Трамп мора да ја плати цената за време или дури и по неговото претседателствување и јас лично се надевам дека треба да биде фатен, рече Азгади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

(ВИДЕО) Верски лидери повторно се молеа над Трамп во Белата куќа за заштита од злото

Горан Наумовски