ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

Од:

СДС е јасно на страната на соборениот венецуелски диктатор Мадуро. Тие дури и 48 часа по акцијата на САД немаат став за апсењето на овој диктатор. Со тоа СДС се вбројува во ретките политички партии кои поддржуваат шверц и трговија на дрога, режим и диктатура. Не чувме никаков став ниту од лидерот на СДС кој во моментот е на скијање во зимскиот монденски центар Гармиш-Партенкирхен заедно со неговиот шеф Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога. СДС веројатно под влијание на своите ментори и ПР стратези од северот се стави во групата партии поддржувачи на Мадуро. Сето ова има два вида на објаснување. Или СДС скршна од курсот за стратешко пријателство со САД или причината е многу поедноставна – Зоки Заев и Венко се зафатени со зимски лудории во Гармиш-Партенкирхен каде се на зимски распуст, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!