ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

Од:

Интересно како СДС одма се фатија за јадицата и за сумата колку чини визата Дубаи на Венко Филипче намесникот на Зоран Заев. Од искуство изгледа знаат колку точно чини и дали се долари или евра, па веднаш тоа ги погоди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но не одговорија како Венко успеа со докторска плата да ја купи златната виза за Дубаи и дали истата е врзана со инвестициите во градежништвото и 42-катницата, за која има и сведоштво на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски. Исто како што не одговорија дали по дубајско време како Заев и Венко ќе слават Нова година, се фатија само за парите. А кога сме кај Харис Џиновиќ им порачуваме да не се резилат, постои и видео материјал па да ги потсетиме како Венко Филипче радосно го снима Зоран Заев како се весели со Харис во Дубаи, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите