Мицкоски: Почеток на изградбата на градски воз, железницата на пат кон развој

Од:

Почнати се градежните работи за Линијата 1 или т.н. градски воз. Вредноста на Договорот е 360 милиони денари, а проектот предвидува целосна реконструкција и надградба на постоечката траса.

Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, ова ќе значи побезбеден, побрз и поефикасен железнички сообраќај. Дополнително, нагласи премиерот, изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува еден од стратешките приоритети.

-Преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедени средства за капитални проекти со кои ја поставуваме железницата таму каде што и е местото – како клучна врска помеѓу Балканот и Европа. Ова не се изолирани проекти. Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата. Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија, истакна Мицкоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра со кој е предвидена набавка на електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт.

Според премиерот, железницата мора повторно да стане двигател на извозот и логистиката, а не тесно грло на економијата.

-Посебно важен е еколошкиот аспект. Со фокусот на електрични локомотиви, се движиме кон нула емисија на загадувачки материи. Ова е директен придонес во борбата против аерозагадувањето, во заштитата на животната средина и во развојот на чист, модерен и одржлив транспорт. Во услови на енергетска транзиција, железничкиот транспорт станува клучен фактор за ефикасен, конкурентен и еколошки одржлив систем. Инвестициите во електрични локомотиви и модерни коридори се целосно усогласени со владините политики за интеграција во европските транспортни мрежи, подвлече Мицкоски.

На потпишувањето на Договорот со ЕБОР во Владата беа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски