Лавров: Киев синоќа со дронови ја нападна резиденцијата на Путин

Од:

Украинските вооружени сили синоќа ја нападнаа резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област со 91 дрон, а сите испратени дронови беа уништени, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

Нема извештаи за жртви или штети по нападот со украински дронови.

Лавров изјави дека Москва нема да го остави нападот на Киев без одговор и дека се утврдени целите и времето на руската одмазда по нападот врз претседателската резиденција.

Рускиот министер за надворешни работи нагласи дека оваа акција е спроведена од Киев во екот на интензивни преговори за решавање на украинскиот конфликт.

Лавров посочи дека преговарачката позиција на Русија ќе биде преиспитана во поглед на конечниот премин на режимот во Киев кон политиката на државен тероризам.

Во исто време, Лавров нагласи дека Москва нема намера да се повлече од процесот на преговори за Украина со Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде катастрофален

А1он

Лавров: Брисел е заведен од илузии дека Русија може да биде победена

Катерина Ѓуровски

Лавров за откажувањето на средбата Путин – Трамп во Будимпешта: Виновни се „извештаите зад сцената“

А1он

Лавров: Работиме на наредбата на Путин за можна руска нуклеарна проба

Катерина Ѓуровски

Кремљ за наводната кавга меѓу Лавров и Путин: Нема ништо вистина во тие извештаи

А1он

Лавров: Европа се подготвува за војна

А1он