А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

by А1он29/12/2025 - 13:461213
Share0

Дали граѓаните забележаа дека ВМРО и нивните соработници, коалициони партнери, петтоколонаши од ЗНАМ и останати не демантираат ниту едно соопштение на СДСМ? Освен примената на препишувачката, ресавската, ќаци-школа во рамки на СНС кампањата „copy-paste“, диригирана од нивната централа, со сензационалистички таблоидни наслови како „Шокантно разоткривање“, тие не даваат одговори на поставените прашања, велат од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Овие наслови што ВМРО ги користи за своите соопштенија, а Геро (новиот министер во сенка за пропаганда) за своите текстови, најдобро ја опишуваат нивната „таблоид акција“. Она што сè уште не го знаат е дека тоа веќе не им поминува кај граѓаните. Сите веќе ги научија нивните лаги. Дали сега на сите им е јасно дека никој од нив не обрнува внимание на доказите што досега ги презентираше АКТ? Дали сега на сите им е јасна ДЕФОКУС кампањата што ја водат преку своите текстови?

Нивната тема повторно е виза за Дубаи и измислени згради! Зошто нема одговори за наместените тендери? Каде се одговорите на прашањето „мигранти за пари“? Ги нема, затоа што би морале да признаат сè што објавивме. Наскоро ќе дојде ден кога на овие прашања ќе мора да дадат одговори – но тогаш во Обвинителството. Она што секој граѓанин може сам да го провери онлајн е дека нема таков лет за Дубаи. Сега, кога веќе сите граѓани знаат дека ги користат безбедносните служби за следење на претседателот на СДСМ, се поставува едно прашање: Зошто не објават фотографии од Дубаи? Ги нема! Да објават, на пример, фотографии од авион за Дубаи? Ги нема! Чудно? Не е чудно – затоа што ги нема! Повеќе не можете да ги лажете граѓаните! Разоткриени сте! Вистината и правдата ќе победат! Борбата започна и трае! Сите ќе одговарате за криминал и корупција, велат од партијата.

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео